Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, го пофали нивото на тимот по големата победа против Лејкерс (121:103) во Лос Анџелес.

-Чикаго е меѓу најдобрите тимови во НБА. Сè уште треба да се развиваме и да напредуваме, ни претстои долг пат, но мислам дека се движиме во вистинската насока, изјави Бол.

Тој на натпреварот со Лејкерс одигран рано утрово, постигна 27 поени, седум скока, осум асистенции и две украдени топки.

Чикаго булс по 14 натпревари има десет победи и се наоѓа на второто место во Источната конференција од НБА-лигата.  (МИА)