Фудбалската репрезентација одново запиша историски успех и се пласира во баражот кој би можел да донесе место на Мундијалот наредната година.

Победата над Исланд беше заверка на втората позиција во групата на мундијалските квалификации. Честитка до фудбалерите пристигна и од Ракометната федерација на Македонија (РФМ):

„Ракометната Федерација на Македонија го честитa остварениот пласман за бараж (WC Qatar) на нашите најдобри фудбалери со денешната победа против селекцијата на Исланд.

Секоја чест за борбеноста, истрајноста и силниот карактер на целиот тим кој Ве водеше во текот на натпреварот.

Со искрена желба за успех упатуваме силна подршка во следните предизвици. Момци со Вас сме!

Со срце за Македонија !!!“