Добиваме историска шанса за пласман на Светското првенство во фудбал! Им честитам на нашите фудбалери кои нѐ носат во бараж и кои ни ја пружија оваа радост, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
– Горди сме на овој успех! Одиме понатаму, македонските срца се со вас, пишува во статусот.
Фудбалската репрезентација вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го победи Исланд со 3:1 и ќе учествува во плејофот за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.