Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски смета дека македонската репрезентација во пресрет на натпреварите од квалификациите за СП 2023 ќе се подготви добро, и дека не е невозможна мисија да се забележат две победи.
„Сигурно е дека ова се исклучително важни два меча, се надевам дека со добра игра ќе дојдеме до две победи. Работите не зависат од нас за пласман во баражот, важно е да играме тимски и сплотени, и да играме офанзивен фудбал. Ни недостасуваше среќата која не ни беше наклонета, но се надевам дека на последните два меча ќе ни се врати и ќе бидеме наградени. Имаме мали проблеми со повредени играчи, но верувам дека ќе го надополниме нивното отсуство“, изјави Ашковски.