Милан е блиску до потпишување нов договор со тренерот Стефано Пиоли, објави новинарот Никола Шира на Твитер.
Според него, новиот договор на „росонерите“ со 56-годишниот италијански фудбалски стручњак ќе биде со важност до 2024 година.
Платата на Пиоли ќе се зголеми од два милиони евра по сезона на три милиони евра без бонуси.
Актуелниот договор на тренер со миланскиот клуб е со важност до јуни 2022 година.
По 12 кола во италијанскиот шампионат, Милан освои 32 бода и го зазема второто место во поредокот.