Англиски Њукасл тргна во изградба на супермоќен тим откако саудискиот принц престолонаследник и најбогат шеик со проценето богатство од 360 милиони долари, Мохамед Бин Салман го презема клубот и веќе првата понуда за џиновски трансфер е испратена до Барселона.

Од „Сент Џејмс Парк“ до Барса пратиле понуда вредна 55 милиони евра и тоа за првиот голман и германски репрезентативец Марк Андре Тер Штеген, објави британски „Скај Спортс“. Наводно германскиот голман е прва желба на англискиот премиерлигаш во изградбата на супер силен тим, иако од Островот се најавуваше дека во преден план од Каталонија се меркаат Осман Дембеле и Фелипе Кутињо.

Сепак, прашање е дали Барселона ќе ја прифати понудата посебно зашто станува збор за јануарски преоден рок, кога и нема преголем избор на врвни фудбалери, ама последниот збор ќе го има новиот тренер Чави Ернандез.

Тер Штеген во октомври лани ја продолжи соработката со Барселона и доби седум милиони евра годишна плата.