За повеќе генерации скопјани кои растеа и созреваа во времето на падот на Берлинскиот зид името на Горан Путица го поврзуваат пред се со новите ветришта кои ги навестија тектонските промени во дотогашните постоечки системи, пред се во културата (субкултурата), медиумите и ноќниот живот во престолнината на младата држава.
Припадник е на генерацијата која во осумдесетите веќе може да се рече дека беше некаква подземна опозиција на постоечкиот систем, пред се изразена преку рок енд ролот и начинот на живот кој беше во спротивност со постоечките норми и правила. Другарува и работи во круговите собрани пред се околу денес веќе култните групи Мизар, Падот на Византија, Бадминтонс и арт групата Зеро и тогашните собиралишта на авангардната младина Домот на младите 25 мај, култната Галерија 7 во Старата Чаршија и неколкуте кафичи Лондон ( водено од Картер од Бадминтонс / Сарацени),Џули, Грин како и познатата Коцка и Кејот кај Камен Мост. ‘ По неколку години помнати во доброволен егзил (Лондон Англија),предизвикан од незадоволството со постоечкиот систем и состојби во бившата држава, 1991 година по падот на Берлинскиот зид се враќа во родниот град и станува една од водечките личности кои ќе го обликуваат и креираат животот на градот во сверите на алтернативната култура, медиуми и ноќен живот.
Генерации и генерации на скопјани и многу студенти од внатрешноста на земјата растеа, осознаваа, созреваа и се забавуваа на фреквенцијата на тогашното култно радио Канал 103 кое го предводеше Путица и пионерските алтернативни и техно ноќни зурки организирани од него и неговата екипа. Со Горан Путица разговараме за тогашните случувања, рушењето на воспоставените стари системи и норми, новите идеи, случувања во тоа време, развитокот на градот и денешните состојби во Скопје,како и најглавното неговиот ангажман, подршка и активност во тимот на кандидатката за градоначалник на Скопје ,госпоѓата Данела Арсовска.
АЛМАКОС: Господине Путица пред се ви благодариме што се согласивте да проговориме за нашиот град и состојбите во него на страниците на Алмакос. Дали би се согласиле со констатацијата дека Скопје во изминативе децении има многу изгубено од она што се нарекува дух на градот. Дека ни приближно Скопје не е оној град кој некогаш за цел Балкан претставуваше место на вибрантен живот во сверите на културата , концертите и ноќниот живот? Или имате подруго мислење?
Путица: Пред се ви благодарам за можноста да проговорам на темите кои ги предложивте за вашиот ценет медиум. Одамна ме немало на наш медиум. Во старт се согласувам со вашите констатации. За жал тоа не се само мој и ваши констатации, туку и на голем ,огромен дел на наши сограѓани. Што се случи со Скопје? Каде отиде духот на градот, што се случи со некогашната атмосфера, каде отидоа многу битни луѓе кои го правеа градот и животот во него? Повеќе објективни и субјективни се причините за сегашната состојба на градот. Од славните 90 години многу вода протече низ Вардар, а со неа чинам дека отиде и ентузијазмот и еланот кои владееше во времето по падот на комунизмот,а кои беа пресудни кога сите верувавме дека се ќе биде и ќе се развива онака како нашите генерации замислуваа и веруваа дека ќе биде. Но данокот на транзицијата, падот на стандардот на живеење во градот, одливот на многу битни луѓе кои го правеа градот, знаете градот пред и над се се луѓето, го напуштија и денес се упешни градители на некои туѓи градови, далечни градови. Тие го прават или неправат градот и одсуството на такви ликови е ненадмилива загуба. Од друга страна огромниот вештачки прилив на население си го чини своето. Скопје од град во кој кога ќе излезевте секогаш ќе налетавте на познати ликови, се претвори во град на отуѓени луѓе кои не се познаваат и малку комуницираат. Скопје одамна нема насмеани ликови по улиците. Преплавен е од некултура и за жал ѓубре на сите страни. Валкана загадена балканска метропола, пренатрупана од згради и депонии на на сите страни. Иако има безброј нови места за излагање сепак го нема оној заеднички спиритус мовенс кој го красеше некогаш градот.
Скопје е град спремен за генерален ремонт, враќање на некогаш изгубените позитивни вредности и имплементирање на се она што е позитивно, вредно а доаѓа со новото време и кое е веќе на големо имплементирано во големите европски метрополи. Не треба да измислуваме топла вода, таа е тука и треба да влезе во употреба за доброто на градот т,е, неговите жители.
АЛМАКОС: Кога говориме за нашиот град неизбежна теме е Страта или т.н. Турска чаршија,срцето на градот. Што се случува со неа, како ја доживувате денес како човек кој и самиот работел во неа во раните деведесети?
Путица: Скопје во Старата чаршија има нешто што малку градови во светот можат да се пофалат и да бидат горди на такво нешто како што е тоа срце, тој бисер на Скопје. Многу патеписци во минатото ја посетувале и оставиле пишани сведоштва за нашата Чаршија. Еден Евлија Челебија просто заведен и опчинет од убавината и големината на скопска Чаршија, пишува за неа единствено во суперлативи, говори за нејзинат големина, покриеност, убавите дуќани украсени со цвеќиња, улици кои се целосно покриени со дрво. Пишува за најразновидните занаети кои се присутни во Чарчијата, за огромните анови полни со кирајџии и роба која пристигнувала од и одела за цел свет, за многубројните амами и вишни минариња на многубројните џамии. Ја споредува и вели едноставно дека е повелелепна од Чаршијата на еден Багдат!? Да се вратам во сегашноста. Што е ,каде е денес ова некогаш надалеку познато место кааде се сретнувале, мешале, работел луѓе од сите вери и нации Албанци, Турци ,Евреи, Македонци. За воља на вистината имаше еден период кога Чаршијата заживе, беше полна со луѓе, места за излагање. беше место на запознавање и дружба на сите етнички заедници на градот. Што се случи докрај не знам, знам дека високата политика и неколку немили настани допринесоа со првата темнина чаршијата да згаснува. Денеска Чаршијата е во некоја состојба на лимбо, тука си е, работи, луѓе има помалку или повеќе, но е далеку од тоа како би требало ,како може и како ќе биде во најскоро време, во тоа сум повеќе од уверен. Уверен сум дека тоа многу брзо ќе се случи бидејки во ликот на кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска препознав човек стручен посветен и способен да донесе револуционерни промени во градот, а посебно сум пријатно изненаден од нејзините идеи за развој и работа на Чаршијата. Чаршијата ќе биде еден од приоритетите на нејзиниот мандат како нов градоначалник на Скопје.
АЛМАКОС: Ја споменавте кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска. Вие сте дел од нејзиниот тим на луѓе, познати градски ликови, кои иако одсекогаш биле политични, никогаш не биле дел од некоја партија. Како и зошто влеговте во тимот на Арсовска и воопшто во политиката?
Како што рековте, сум дел на едно… па може да речам познато скопско миље од мојте тинејџерски денови. Миље составено од луѓе од уметничката, музичката, медиската сфера. Речиси сите силни зоонполитикон, луѓе со јасно изградени политичко социјални ставови и идеи, но речиси никој од нив активно ангажиран во политички субјект. Во младоста речиси сите застапници и подржувачи на западните либерални идеи и општествени уредувања. Дел од нив вклучувајки ја и мојата маленкост со годините и развојот на политичко социјалните прилики во светот доживеавме голими разочарувања од тие идеологии и уредувања. Денес сум застапник на дирекната демократија. Но да се вратам конкретно на мојот ангажман во тимот на Данела. Со нејзиното појавување како кандидат за градоначалник на Скопје, по нејзиното претставување на програмата и идеите, нејзината независност како кандидат и пристапот кон кандидатурата, а по остварена средба и разменети мислења и идеи околу управувањето и водењето на градот, едноставно се распознавме и си пруживме рака, дека заедно ,а со помош и на повеќе познати градски луѓе од фелата на која и јас и припаѓам ,а погоре веќе ја образложив, ќе помогнеме со сите наши капацитети да се превземеме водењето на градот од корумпирана и неспособна клика. Кои се примарните цели на Данела и нејзиниот мал но храбар посветен и стручен тим? Во два збора ( нема потреба да ја прераскажувам програмата на Арсовска, таа е веќе добро позната), сакаме град чист, безбеден, град со проточен сообраќај, град обединет, град во чиј служби корупцијата од корен ќе биде искоренета, град во кои изворите на обновлива енергија ќе бидат правило,а не исклучок, град со Чаршија која ќе биде отворена 24/7, полна со насмеани, граѓани и туристи, задоволни од целосната понуда, која е потенцијално огромна во тоа срце на градот. Чаршија во која ќе важат посебни правила и закони на работа, кои ќе придонесат и за економски бум на истата. Го сакаме Скопје како град на фестивали, фестивали кои ќе се одржуваат на регуларна база т.е. нон стоп да се случува по некој фестивал. Скопје град во кој би се одржувале ануални конференции на збратимените градови, на кои би се разменувале и имплементирале позитивни искуства од работата на истите. Град на спортски манифестации и турнири на европско и светско ниво итн итн.
Кај Данела посебно ме привлече и нејзиниот силен и независен дух, како и разбирањето на функцијата градоначалник како менаџерска ,а не политичка. Многумина велат но ете Данела е ВМРО ДПМНЕ, оди на нивни митинзи, се слика со нивни истакнати членови? Но јас ќе ве прашам, како треба Данела да се однесува кон најголемата политичка партија која и искажа безрезервна и најважното безусловна подршка? Таа партија на Данела и донесува дестици илјади галасови, колку 40 000- 50 000. Се разбира дека таа како прагматичар и навистина независна ќе искаже на некаков начин благодаарност и ќе се појави во јавност со лидерите и членовите на таа партија. Во што е проблемот, па таа не крие дека има подршка од нив и ок е и човечки да изразиш благодарност. На крајот на краиштата не ја поддржа само ВМРО ДПМНЕ и ноторен факт е дека таа побара отворена подршка од сите субјекти и чинители кои ќе се препознаат во нејзината програма и идеи.
АЛМАКОС Дали Скопје е поделен град?
Путица: Следам повеќе медиуми од соседните земји на кои многу често се наметнува еден погрешен наратив дека Скопје е поделен град, дека неселението не поминувало од едната на другата страна на градот. Морам да признаам дека таа погрешна претстава за градот страшно ме нервира и не ретко он лине реагирам со коментари на овие малициозни наративи. Никогаш Скопје не сум го доживувал како поделен град. Скопје и во најкомплексните моменти на развитокот на земјата и градот никогаш не бил поделен град и никогаш нема да биде, зошто и низ својата богата историја не познава момент на разделеност на лева и десна обала на Вардар. Една од убавините на овој град е дека во него сме Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми, Срби но верувајте не има и Хрвати, Пољаци, Арапи, Украинци, Ерменци и многу други и…и сите сме горди Скопјани. Скопје е единица мерка за разбирање, соживот и солидарност со векови, со милениуми, да ги чуваме и промовираме овие вредности. Данела е човекот кој ќе го препороди градот и ќе ги негува и унапредува овие вредности. Длабоко сум уверен во ова.
АЛМАКОС: Ви благодариме за одвоеното време и ви посакуваме успех во вториот круг на изборите.
Путица Задоволството е мое, ви благодарам на отстапениот простор.