Актуелниот лидер ПСЖ со проблеми во играчкиот кадар го дочекува викендов бранителот на титулата Лил во дерби натпреварот од 12 коло во француското првенство.
ПСЖ дефинитивно на натпреварот в сабота ќе биде без услугите на Килијан Мбапе, кој има инфекција на увото, грлото и носот, и според најавите од клубот на теренот ќе се врати идната недела.
Со екипата денеска не тренираше ниту Лионел Меси, кој има проблеми со болки во мускулите и неговиот настап против Лил е неизвесен.
– Од внимателност донесовме одлука да не тренира., Дали Меси ќе игра против Лил не знаеме, за тоа ќе одлучиме на самиот ден на натпреварот, изјави тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино.