Најдобрата тенисерка на светот според ВТА листата, Ешли Барти ја заврши својата сезона и нема да ја брани титулата на финалниот ВТА турнир во Гвадалахара.
Австралијката не играше од УС Опен и најави дека ќе работи што подобро да се спреми за следната сезона. Иако не се работи за повреда, Барти по напорната сезона сака да одмори и да се припреми за стартот на новата.
Оваа година Барти освои пет титули, а што и да се случи таа ќе остане прва на ВТА листата.