Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски е еден од најдобрите играчи во кипарскиот шампионат и во следните сезони ќе остане дел од АЕК Ларнака.

Информацијата дека договорот е продолжен со оваа екипа но меѓутоа ќе треба да се случи и  утрешната финализација и потписот.

Доскорешниот македонски репрезентативец во кипарското првенство пристигна во 2016 година од полска Легија и се афирмира како еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот од Ларнака.

Во новата сезона од кипарската лига Тричковски е стрелец на секој натпревар. Одигра пет натпревари, а даде вкупно шест гола и е на врвот на листата на стрелци