Алекс Коладо на последниот ден од преодниот рок требаше да замине на позајмица од Барселона во Шефилд Јунајтед. Се беше договорено, но поради документите, позајмицата пропадна и Коладо се најде во незавидна позиција.
Барселона после тоа не стигна да го пријави за првиот, а ниту за Б тимот, па целиот прв дел од сезоната ќе мора да го мине на трибините. Голем интерес за ова 22 годишно крило покажува Милан.
„Некои контакти веќе се поставени и се чека јануарскиот преоден рок за службена понуда од Милан. Ниту Шефилд не се откажува од него“- пишува Мундо Депортиво.
Коладо беше капитен на Б тимот на Барселона и Мундо Депортивно пишува дека тешко му паѓа што не игра, посебно сега кога поради финансиската криза во Барселона играат многу од неговите пријатели од младинската школа на клубот, но верува дека оваа ситуација психички ќе го направи посилен.