Барселона минатиот викенд успеа да го победи Леванте со 3-0 на домашен терен, што малку ја смири ситуацијата меѓу навивачите.
Пред натпреварот против Леванте, каталонскиот клуб не беше во најдобра форма, а навивачите побараа од лидерот на клубот да го отпушти Роналд Куман бидејќи не се задоволни од игрите на овој тим.
Сепак, Барселона обезбеди многу добар натпревар во неделата, што ги смири страстите кај навивачите, а Куман веќе не е толку мета на критики.
Каталонците веќе утре играат на гости против Бенфика во натпреварот од Лигата на шампионите, но после тоа ги чека навистина пеколен распоред.
Барселона викендов најпрво ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид, по што следува репрезентативна пауза. Сепак, после тоа продолжува тешкиот распоред за каталонскиот клуб.
По репрезентативната паузата, Барселона ќе одигра три натпревари дома за само седум дена. Прво ја пречекуваат Валенсија, а потоа ќе играат против Киев Динамо во Лигата на шампионите.
Најтешката задача за Каталонците ќе следи на 24 октомври, кога ќе го гледаме Ел Класико на „Камп Ноу“, Реал Мадрид доаѓа како гостин.
Потоа следува малку полесен распоред, но многумина веруваат дека Куман ќе биде на големиот испит следниот месец и во случај на слаби резултати нема да биде изненадување доколку добие отказ.