Реал Мадрид вечерва од 21 часот ќе го пречека Шериф од Тираспол во 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Кралевите го победија Интер со 1:0 во првото коло на Меаца, но вечерва, барем на хартија, ги чека далеку полесен ривал, но секако претпазливоста никогаш не е доволна, особено кога станува збор за натпреварите во европските натпреварувања.
Реал во секој случај ќе биде голем фаворит против Молдавците, а тренерот Карло Анчелоти наводно подготвува изненадување за тимот.
Имено, тој е решен да го одмори првиот голман Тибо Куртоа, па меѓу стативите треба да биде Украинецот Андриј Лунин.
22-годишниот талентиран голман дојде во Реал во 2018 година од Зорија, но клубот го испрати на позајмица во Леганес, Ваљадолид и Овиедо. Досега немаше можност да брани на еден натпревар од Лигата на шампионите.
Шериф, исто како и Реал, ја отвори сезоната во Лигата на шампионите со донекаде неочекувана победа над Шахтјор од 2:0, кој денеска го игра натпреварот од 2.коло со Интер.