Порталот Калчо е Финанца ја откри бруто и нето заработката на фудбалерите на Милан.
На врвот е шведската sвезда Златан Ибрахимовиќ, кој добива седум милиони евра по сезона, а на второто место е дефанзивецот Алесио Ромањоли со плата од 5,5 милиони евра, но многу фанови на овој тим веруваат дека тој не заслужил да биде еден од најплатени во тимот.
Следуваат Анте Ребиќ и Оливие Жиру со 3,5 милиони евра по сезона, додека Алесандро Флоренци, кој летоска пристигна од Рома на позајмица, има гарантирани три милиони евра по сезона.
Одличниот голман Мајк Мејнан има 2,8 милиони, Тимуе Бакајоко 2,5 милиони и Франк Кеси 2,2 милиони, но тој одамна е незадоволен и клубот се обидува да му даде нов договор, но играчот од средниот ред инсистира на двојно поголема плата.
Најслабо платен играч во првиот тим е младиот офанзивец Даниел Малдини, син на легендарниот Паоло Малдини, кој има 300.000 евра годишно, а токму тој неодамна го постигна својот прв гол за „росонерите“ против Специја.
Раде Круниќ има 1,1 милион евра, повеќе од Брахим Дијаз, новата десетка и играч кој се истакнува. Дијаз има 0,5 милиони евра, и дефинитивно е срамота што, со оглед на перформансите и игрите, тој е на самото дно од платниот список на Милан.