Астон Вила го совлада Манчестер Јунајтед со 0-1 во шестото коло од Премиер лигата.
Олд Трафорд го замолкна Хаус со гол во 88. минута.
Јунајтед можеше да израмни, но Бруно Фернандеш промаши пенал во 93. минута, поточно Португалецот се посрамоти и ја испрати топката високо над голот.
Роналдо пред пеналот побара од својот соиграч од репрезентацијата да го изведе пеналот, но Фернандеш го игнорираше тоа, а според пишувањата на островските медиуми, Роналдо не сакаше да ја коментира споменатата ситуација во микс зоната.
И порано имаше различни пишувања и шпекулации дека доаѓањето на Роналдо може да го наруши мирот во соблекувалната на Јунајтед токму поради прекини и пенали, а се чини дека по денешниот натпревар, имаше вистина во тие пишувања.
Солскјер сега има двојна работа покрај тоа што го подготвува тимот за натпреварите, а тоа е да се смири ситуацијата во соблекувалната, која може да биде напната по денешниот натпревар.