Барселонан утре со почеток во 16:15 часот на домашен терен го пречекува Леванте. Сепак, штета за македонскиот репрезентативец Енис Барди кој нема да настапи на овој меч. Според последните информации, тој се уште не е целосно опоравен по повредата на мускулот.
Но, интересно е тоа што на овој меч на теренот се очекува да се врати Ансу Фати, новата десетка на Барселона кој 10 месеци беше повреден.
Ансу кој има 18 години постави неколку рекорди и тој е најмладиот стрелец на гол во историјата на Барселона по погодокот против Осасуна во август 2019 година на возраст од 16 години и 304 дена.