„Светците“ му платија на шампионот на Италија 60.000.000 евра за Ашраф Хакими, а десниот бек посочува дека парите не биле единствената причина за доаѓање во главниот град на Франција.

“Иако пораснав во Шпанија, ние сме Мароканци. Зборуваме арапски дома, ние сме муслимани, јадеме мароканска храна. Кога добив покана од Мароко на 14 -годишна возраст, не размислував ниту секунда. Имаше контакти со Шпанија подоцна, но одлуката ја донесов уште порано. Една од причините што дојдов во Париз е тоа што сум муслиман, и тука има голема арапска и муслиманска заедница. Знам дека поради тоа ќе се чувствувам како дома, рече Хакими.