Наполи брилијантно ја отвори новата сезона.

По пет одиграни кола во Серија А, тие се лидери со 15 бода, а доколку денот се знае наутро, Наполитанците би можеле да бидат сериозен конкурент во борбата за самиот врв на табелата до крајот на сезоната.

Тимот од југот на Италија веќе размислува за засилувања, а водечките италијански медиуми пренесуваат дека првата желба е хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ.

Договорот на Перишиќ со Интер истекува летото 2022 година, а Наполи би можел да започне преговори со споменатиот играч во зима.

Инаку, Перишиќ е голема желба на наполитанскиот тренер Лучијано Спалети, кој работеше со Перишиќ порано во својата кариера.

Хрватскиот репрезентативец одигра 210 натпревари за Интер, постигна 46 голови, и им се придружи на „нероазурите“ во 2015 година од Волфсбург, и помина една сезона на позајмица во Баерн.

Во Наполи, се чини дека по одличниот почеток на сезоната, апетитите се зголемија, па ќе видиме каков ќе биде зимскиот шопинг не само кога станува збор за Перишиќ, туку и списокот на Наполитанците воопшто.