Американската инвестициска компанија „777 Партнерс“ го купи италијанскиот фудбалски клуб Џенова за 150 милиони евра.

Компанијата, чие седиште се наоѓа на Флорида, и претседателот на Џенова, Енрико Прециози, постигнаа договор за купување, па наскоро се очекува официјално соопштение за тоа, пренесуваат италијанските медиуми.

„777 Партнерс“ е приватна компанија, основана во 2015 година, и е еден од малцинските сопственици на шпанскиот прволигаш Севиља.