Челзи не е целосно задоволен од тимот со кој располага и сака да го подобри, особено во одбраната.
Европскиот првак Челзи покажа интерес за холандскиот дефанзивец на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат англиските медиуми.
Се проценува дека Де Лихт чини 120 милиони евра и се смета за неопходна замена за Антонио Рудигер, кој се очекува да замине во текот на летото по несогласувањата со клубот околу новиот договор.
Се верува дека холандскиот централен бек не е задоволен во Јувентус и сака да си замине.
Неговиот менаџер, Мино Раиола, изјави пред неколку дена дека Де Лихт би можел да го напушти Торино следното лето.