Во Австралија доцна синоќа по средноевропско време се одржаа натпреварите од ФФА Купот, односно елиминациониот куп во кој учествуваат сите екипи, односно оние од најсилните лиги, до оние од топ лигите. Од таму доаѓа интересна вест. Имено, Нелсо Ниу кој преку ден е фармер, а преку ноќ голман. Тој се занимава со одгледување на манго. Неговиот тим Казиурина играше против Лајонс во Купот во првото коло. Тој во игра влезе во второто полувреме во 61.минута. Неговиот тим загуби со убедливи 6:0, тој прими пет голови, но се истакна со неколку одлични интервенции. Со оглед на тоа дека е аматер, може да се каже дека одлично се покажал.