Со наближувањето на есента, граѓаните ги започнуваат и своите подготовки за зимските резерви на храна. Нивните поплаки се бројни, бидејќи велат дека сe е поскапено. За да си ги дозволат месечните трошоци за нивните семејства и да живеат скромен живот, велат дека треба да се откажат од многу работи и повторно им е тешко да го завршат месецот со платите што ги добиваат. На почетокот на 2020 година, велат, нафтата била 60 денари, додека сега плаќаат околу 90 денари.
„Се разбира дека се забележува. И сметките поскапеа, телефонот, интернетот. Се е наопаку. Граѓани со нормална плата не можат да поминат еден месец“.
„Се поскапе, лебот, маслото, детергентите. Нема живот тука веќе, човек само да се подготвува да бега од тука. Нема шанси човек да помине цел месец со една плата. Потребни се најмалку две плати за еден месец за да се живее со минимални услови“.
„Со плата може да се покрие само половина месец. Покрај тоа, ова е загрижувачко, треба да се откажеме од многу други работи“.
„На зелениот пазар, цените поскапеле многу. Поскапеле доматите, компирот. Храната поскапува. Важно е и тоа колку е платата, но со просечна плата, тешко е“.
„ Мојот сопруг прави пазар, повеќе ги забележува цените и се поскапело. Се изненадив сега, цената на доматите е 150 денари. Се прашувам како кај нас доматите можат да чинат толку многу. Кој може да ги купи?
За една година минималната потрошувачка кошница се зголеми за 900 денари. Народната банка, пред неколку дена најави дека зголемувањето на цената ќе продолжи. Пред неколку месеци имаше прво драстично зголемување на цената на маслото за јадење, по што цените на другите прехранбени производи почнаа полека да растат. Анализата на Сојузот на синдикати покажува дека трошоците за живот постојано се зголемуваат додека платите остануваат исти. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, најголем пораст е забележан кај храната и пијалоците за 1,5 проценти, додека зеленчукот достигнал 15,8 проценти.
Еви Шкопи