Ненад Димитријевиќ имаше одлично деби за својот нов клуб Валенсија, кој со пораз ја отвори новата сезона на Ендеса лигата.

Официјалното деби на Нено во дресот на Валенсија не мина според неговите желби. Тој покажа дека е вистинско засилување за тимот, но Валенсија сезоната ја отвори со пораз, на домашен терен беше совладана со 67-72.

Од неговите тимски колеги најефикасни беа Дубљевиќ со 14 поени, а по 12 имаа Пуерто и Тобеј. За Басконија доминираше Гиедраитис со 23 коша.

Во другите три меча од саботната програма Бреоган беше убедлив над Тенерифе со 92:73, Хувентуд Бадалона со 85:79 славеше против Билбао, а после едно продолжение Реал Бетис со 102:98 беше подобар од МораБанк Андора.