Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш моментално е без клуб откако одлучи да го напушти Сао Паоло.
38-годишниот фудбалер одлучи да се врати во Бразил пред две години откако му истече договорот со ПСЖ, а тој потпиша долгогодишна соработка со Сао Паоло.
Во овој клуб, Алвеш играше дури и во средниот ред, иако сме навикнати да биде на позицијата десен бек.
Сепак, Алвеш и понатаму е физички добро подготвен, што најдобро го покажува фактот дека тој се уште е бразилски репрезентативец. Тој неодамна изјави дека неговата цел е да игра на Светското првенство во Катар и дека ќе даде се за да биде на списокот.
Но, работите отидоа малку надолу, бидејќи Алвеш одлучи да го напушти Сао Паоло, откако овој клуб се најде во финансиски проблеми.
Алвеш веќе некое време не е платен и постигна договор за прекин на соработката со клубот и сега е слободен агент.
Инаку, Алвеш е најтрофејниот играч во светот на фудбалот бидејќи во досегашната кариера успеа да освои дури 44 титули. Дури се шпекулира за негово враќање во Европа и ќе биде интересно да се види каде ќе ја продолжи кариерата.
Алвеш се појави во дресот на Баија, а сепак играше за Севиља, Барселона и Јувентус. За Бразил одигра 119 натпревари и постигна осум гола.