Почна новата сезона во Лигата на шампионите. Заврши првото коло во сите групи, а имаше и неколку интересни резултати. Но, во оваа вест објавуваме еден интересен податок кој не е поврзан за резултатите, туку за имиња на фудбалерите. Имено, во Лигата на шампионите играле досега четворица играчи со исто име и презиме, Адама Траоре.
Синоќа во елитното натпреварување дебитираѓе уште еден Адама Траоре, соиграч на нашиот Николов во Шериф Тираспол. Тој има 26 години, доаѓа од Мали, а синоќа постигна гол на мечот против Шахтјор во победата од 2:0. Тој во февруари месец оваа година од Мец се преселил во Шериф Тираспол.
Претходно, во сезоната 2016/2017 дебитираа двајца со исто име и презиме. Едниот за Базел, кој се има 31 година и игра Сиднеј и е од Брегот на Слоновата Коска. Вториот, за Монако во истата сезона. Овој Адама Траоре има 26 години и во моментов игра во Турција. Потекнува од Мали.
Во сезоната 2013/2014 дебитираше во ЛШ Адама Траоре кој беше дел од младинските категории на Барселона. Но, по ова деби никогаш повеќе не доби поголема минутажа. Сега игра во Вулверхемтон, го нарекуваат најсилниот фудбалер, има 25 години и е репрезентативец на Шпанија.