За една година минималната потрошувачка кошничка е поскапа за речиси 900 денари. Најмногу се зголемени трошоците за храна и режиските трошоци. Податоците на Сојузот на синдикати покажува дека ако лани во јули за набавка на основните прехранбени производи за едно четиричлено семејство на месечно ниво биле потребни 14 илјади денари, истиот месец оваа година на домаќинствата им се неопходни 400 денари повеќе од лани. Комуналните сметки во истиот период исто така се повисоки за 400 денари. Граѓаните се жалат дека се потешка е живеачката, мора скромно да се живее, за да се протурка месецот.

Advertisements

„Забележав дека многу работи се поскапени, а пензиите не се мрднати. Мислам дека за 20 отсто сигурно се е поскапено.“

„Сиромавиот секогаш живее скромно, но со работа со труд и ако сака човек да работи ќе заработи, колку за една скромна живеачка.“

„Многу тешко, со минимална плата живееме со 15 илјади, мора да штедиш за да можеш со тие пари да преживееш. “

Освен на годишно ниво, трошоците на граѓаните се зголемени за околу 300 денари и на месечно ниво.

„Дополнителен проблем со семејниот буџет имале оние домаќинства чии деца одат на училиште. Податоците велат дека тие семејства морале да одвојат осум илјади денари за учениците да имаат се што им е потребно за стартот на учебната година.“

Дека цените ќе растат предупредија пред неколку месеци и од Народната банка. Но сега треба да се очекува и ново продлабочување на инфлацијата, а тоа го потврдија и од Светска Банка. Алсат веќе објави дека добар дел од малите пекари го поскапеа нивниот леб но и по значително повисоки цени ги продаваат и белите печива. Пред неколку месеци прво драстично поскапување имаше на маслото за јадење по кое полека започнаа да растат цените и на останатите прехранбени производи.

Иле Петревски