Манчестер Сити се израдува на три бода во спектакуларниот меч со девет гола против РБ Лајпциг (6-3).

Нејтан Ајк погоди за предност во 16. минута, а потоа трагичен автогол си постигна Мукиеле, по еден незгоден центаршут на Де Бруин  Гостите не се откажаа и намалија пред паузата, но пеналот на Марез  одново ги одлепи „граѓаните“ на два гола позитива.