Барселона вчера беше тешко поразена на „Камп Ноу“ од Баерн со 3:0.
Очајна беше играта на каталонскиот гигант кој избегна поголем срам само затоа што Баерн „кочеше“ и не брзаше откако го постигна својот втор гол на натпреварот.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман пред неколку дена даде интересна изјава.
„Благодарение на мене, овој клуб има иднина“, се пофали Куман пред неколку дена.
И на натпреварот против Баерн, таа иднина изгледаше многу „тенка“.
За првпат во Лигата на шампионите, Барселона не реализираше ниту еден удар во рамките на противничкиот гол и тоа е само уште еден поразителен факт за Куман.
Најдобрите денови на Барселона се далеку зад овој клуб и веројатно ќе им требаат години за да се вратат на европскиот врв.