Вториот мандат во дресот на Манчестер Јунајтед за Кристијано Роналдо започна на најдобар можен начин.
„Црвените ѓаволи“ го пречекаа Њукасл Јунајтед на „Олд Трафорд“ и забележаа победа од 4-1. Португалскиот ас постигна два гола.
“Кристијано подигна се, ги натера сите други да бидат фокусирани. Бара многу од себе, а потоа тоа го бара од соиграчите и од сите нас”, изјави Солскјер по натпреварот.
Англиските медиуми денеска почнаа да објавуваат детали за силниот и влијателен говор на Роналдо од соблекувалната пред натпреварот.
За Роналдо, критичарите имаат навика да кажат дека тој е егоцентричен, себичен, дека неговиот личен настап е на прво место, но судејќи според неговиот говор, тоа воопшто не е така.
Најпопуларниот фудбалер на денешницата ги откри вистинските причини зошто се врати во Манчестер Јунајтед по 12 години.
“Говорот на Роналдо беше многу силен и инспиративен. Сите играчи и стручниот штаб седеа во тишина. „Се вратив од две причини. Првата е дека го сакам клубот. Втората е дека ја водам победничката металност вградена во овој тим”, рече Роналдо”, тврди добро информиран извор од „The Sun“.
“Не се вратив да бидам навивач. Сакам успех, сакам да го сакате овој клуб со целото срце. Без разлика дали играте или не, треба да ги поддржувате соиграчите и секогаш да давате 100% за клубот”.
“Тука сум за да победувам и ништо друго. Победите не прават среќни. Сакам да бидам среќен, нели? Ти си неверојатен играч и верувам во тебе, инаку не би се вратил”, се некои од речениците од говорот на Роналдо пренесени од „The Sun“.