Кристијано Роналдо во саботата го прослави своето второ деби во дресот на Манчестер Јунајтед со два гола.

Јунајтед славеше на „Олд Трафорд“ со 4:1 против Њукасл, а Португалецот беше брилијантен со два гола. Се чини дека ќе биде голем поттик, без разлика што некои мислат дека на 36 години, тоа не е ни сенка на тој играч од пред неколку години.

Сепак, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е свесен дека времето си го прави своето, па призна дека Роналдо можеби нема да игра во вторник против Јанг Бојс во натпревар од Лигата на шампионите.

„Не е невозможно Роналдо да остане надвор од тимот, дури и за утрешното гостување кај Јанг Бојс. Има 36 години и морам да најдам баланс за секој играч. Мислам дека доаѓањето на Варан и Роналдо ни донесе дополнителен квалитет, но и ги натера другите да го подигнат нивото. Тоа е затоа што се големи шампиони и сакаат да бидат како нив“, рече Солскјер.

Јунајтед е лидер во Премиер лигата со 10 бода, а Челзи и Ливерпул и понатаму имаат толку бодови по четири кола.