Младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот, вчера заработи тешка повреда на натпреварот против Лидс.
Ливерпул славеше со 3:0 на Еланд Роуд, но победата остана во сенка на тешката повреда на талентиран играч.
Елиот беше во дуел со Струјк по што падна на теренот и веднаш почна да бара помош. Мохамед Салах беше до него и виде дека неговиот соиграч се здоби со скршеница на ногата и од шок ја фати главата и побегна.
Фактот што немаше забавено снимање во преносот во живо најдобро покажува за каква повреда станува збор.
За Елиота следува неколкумесечна пауза, а во болницата рече дека неговиот противник не е виновен.
„Не е тој виновен. Не мислам дека тоа беше црвен картон, само бизарна несреќа, но такви работи се случуваат во фудбалот. Ќе се вратам посилен 100 проценти. Ви благодарам на сите за поддршката“, рече Елиот.