Коринтијанс го одложи дебито на поранешниот играч на Арсенал и Челзи, Вилијан, откако здравствените власти во Бразил се заканија дека дополнително ќе го казнат ако не го заврши 14-дневниот карантин по пристигнувањето од Англија.

„Од почетокот на пандемијата, клубот секогаш ги следеше санитарните правила воведени од различни здравствени власти, дури и кога некои од нив се збунувачки. Затоа, ние без сомнение ќе се придржуваме”, рекоа од Коринтијанс во изјава на неколку часа пред натпреварот во неделата.

Креативниот фудбалер се согласи да го раскине договорот со Арсенал и да остани дваесеттина милиони евра, само за да се врати во Коринтијанс.