Победник на традиционалниот маратон во Виена беше Дерер Хурис од Етиопија, кој ја претрча трасата за 2:09:22.

Меѓутоа, тој потоа со одлука на организаторот беше дисквалификуван, па победата му припадна на Кениецот, Леонардо Лангато.

Хурис беше дисквалификуван бидејќи трчал во патики кои не одговарата на правилата. Имено, дозволени се патики со џон од 40 милиметри, а Хурис трчал со патики чиј џон имал дебелина од 50 милиметри.