Николов се надева дека ќе биде успешен во екипата од Молдавија и се надева на добри резултати во ЛШ.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов во интервју за клупскиот сајт зборуваше за очекувањата од сезоната во Шериф Тираспол клуб во кој стигна во летниот преоден рок, а со кого сезонава ќе настапува и во Лигата на шампионите.
„Дојдов тука и можам да кажам дека ми се допаѓа проектот во кој што ќе бидам дел во наредната сезона. Се надевам дека периодот на адаптација ќе трае кратко, а потоа ќе можам да се фокусирам да давам максимум за клубот. Ќе имам голема конкуренција, но тоа е добра работа. Најважно е сите да се здрави, па тренерот нека одлучува кој ќе игра, а кој не.
Во новата сезона ќе играме во Лигата на шампионите. Тоа е чекор напред за сите нас. Мислам дека нема да разочараме. Чест ми е што дојдов во тим како Шериф. Можам да потврдам дека ќе дадам максимум и се надевам на многу радосни моменти со екипата“, изјави македонскиот играч за врска.
Николов во текот на кариерата играше уште за екипите на Брегалница, Виторул, Вардар, Мол Фехервар и Лече.