Во четвртото коло од Премиер лигата, Ливерпул постигна три бода на жешкото гостување против Лидс Јунајтед.
„Црвените“ славеа со 0:3.
Тие одлично го отворија натпреварот и поведоа со голот на Мохамед Салах од 0:1 во 20 -та минута.
После тоа, две добри можности за Мане, поништен гол на Алкантара и уште една можност за Салах, но на пауза заминаа со 0:1.
Второто полувреме Ливерпул брилијантно го отвори, а Фабињо погоди во 50. минута за 0:2.
Дуелот за жал беше обележан во 63. минута, кога младиот Елиот се здоби со тешка повреда по стартот на Струјк, кој доби директен црвен картон, тинејџерот на Ливерпул ќе има долга пауза.
До крајот на натпреварот, имаше можности пред двата гола, се истакнуваат, обиди на Бамфорд и Мане.
Конечните 0:3 ги поставува Мане во третата минута од судиското надополнување.