Џанлуиџи Донарума дебитираше во дресот на ПСЖ.

Тој им се заблагодари на соиграчите и навивачите за големиот пречек и приемот во тимот, а го спомена и Милан, на начин што сигурно нема да им се допадне на навивачите на тој клуб.

„Милан е минато, уживам во Париз. Среќен сум овде, добро ме пречекаа. Сакаме што е можно повеќе победи и да ги израдуваме навивачите, кои се неверојатни“, рече Донарума.

Донарума ова лето се ослободи и пристигна во Париз.

Дебитираше за Милан во 2016 година и настапи на 251 натпревар.

Тој беше платен 12 милиони евра, а многумина посочуваат дека ќе мора напорно да работи за да ја преземе „единицата“ од Кејлор Навас.