Сигурно сите се сеќаваат на времето кога Реал Мадрид се нарекуваа „Галактикоси“, кога во овој тим играа во исто време најголемите фудбалски ѕвезди, Дејвид Бекам, Зидан, Роналдо и слично.
Сега, информациите од Шпанија велат дека наводно првиот човек на тимот Флорентино Перез крои план за нови „Галактикоси“.
Наводно на списокот се Килијан Мбапе, кој самиот притиска да оди во Мадрид, но и Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Е, сега се поставува колку ќе успеат да ги донесат сите.
Наводно за Мбапе се подготвени да платат 160 милони евра, но ПСЖ ги одбива понудите. Сепак, Мбапе би можел следното лето да пристигне како слободен играч, доколку не го продолжи договорот со ПСЖ. Истото може да се случи и со Пол Погба чиј договор со Јунајтед истекува во летото 2022. Најголемите пари ќе се обидат да ги дадат за Ерлинг Халанд.