Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев е вистинска легенда во Италија. Тој е трет фудбалер со најмногу настапи во Серие А, во конкуренција помеѓу се уште активните, или оние кои играат во Италија. Пред него се Хандановиќ од Интер и Кваљарела од Сампдорија.

Пандев досега има 475 настапи, а му недостигаат уште 25 до 500. Секако, доколку до крајот на сезоната настапи на сите, тогаш може да се повлече до респектабилна бројка и во оваа статистичка категорија.