Португалецот Роналдо трае веќе две децении, додека бразилскиот Роналдо траеше многу пократко и вистинското прашање е каде ќе завршеше ако не беа тешките повреди на коленото што дефинитивно му ја скратија кариерата.
„Феноменот“ се збогуваше со фудбалот во 2011 година, токму кога КР7 почна да го доживува врвот на својата кариера. Само еднаш се најдоа на спротивни страни.
Тоа беше во 2005 година на добротворен натпревар организиран од Луис Фиго. Бразилецот беше далеку од своето „ударно време“, додека времето на португалскиот ас допрва доаѓаше.
„Вистинскиот“ Роналдо тогаш беше светска ѕвезда, беше поискусен и не е чудно што целосно го засени тогашниот 20-годишен фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Камерите успеаја да го овековечат моментот пред натпреварот кога се поздравија. Роналдо се смееше, додека Португалецот одговори со блага насмевка, се сврте и го „измери“ славниот Бразилец.
На теренот, Р9 беше едноставно доминантен. Тој постигна два гола во победата на неговиот тим. Го демонстрираше и познатиот „велосипед“, кој со години беше кошмар и за голманите и за дефанзивците. Погледнете како изгледаше сето тоа: