Се чини дека Лионел Меси сепак ќе го чека своето деби во дресот на ПСЖ пред домашната публика.
Аргентинецот го одигра првиот натпревар за Принцовите против Ремс, а викендов требаше да го одигра првиот домашен натпревар за Парижаните против Клермон.
Сепак, Меси се уште е во Аргентина со своите соиграчи, и треба да пристигне во Париз во петок навечер. Прашање е дали Покетино веднаш ќе ги вклучи уморните играчи за саботниот натпревар во кој парижаните се апсолутни фаворити.
Да потсетиме, дуелот помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за Светското првенство во 2022 година беше прекинат поради пандемиски мерки, па судбината на тој натпревар се уште се чека.
Аргентинците се вратија во земјата, каде што чекаа одлука за евентуален натпревар, но конечната одлука за натпреварот се уште не е донесена, па лесно ќе се вратат во клубовите, но со задоцнување, што може да создаде проблеми за одредени тренери.