Турскиот шампион Бешикташ состави многу добар тим за оваа сезона.
Истанбулскиот великан успеа да заврши неколку одлични трансфери во летниот преоден рок, а најзвучно секако е играчот од средниот ред, Миралем Пјаниќ.
Покрај Пјаниќ, кој пристигна на позајмица од Барселона, тимот од Истанбул е посилен за Рахид Гезало, Мичи Батшуаи, Валентир Росиер и Алекс Тејсиера.
Вака изгледа тимот на турскиот клуб оваа сезона:
⚫⚪ Beşiktaş’ın 2021-22 sezonu kadrosu. pic.twitter.com/D9vo7UB5hc
— FutbolArena (@futbolarena) September 9, 2021
Тренерот Серген Јалчин доби навистина одлично засилување за новата сезона во која црно -белите ја бранат титулата, а ќе видиме што може да направи тимот во Лигата на шампионите.
Бешикташ е во групата со Спортинг Лисабон, Ајакс и Борусија Дортмунд, против кои го отвораат натпреварувањето на домашен терен на 15 септември.