По долги преговори, Манчестер Јунајтед успеа да обезбеди 1.800 билети за своите навивачи на гостувањето кај Јанг Бојс.
Натпреварот од Лигата на шампионите се игра во вторник, а швајцарските власти веќе рекоа дека не го признаваат британскиот пасош за КОВИД.
Сепак, работите се сменија, навивачите на Јунајтед ќе имаат брз тест пред стадионот и секој што е негативен ќе може да оди на трибините.
Јунајтед рече дека споменатиот тест изнесувал 50 фунти.
Англиските и швајцарските медиуми наведуваат дека причината зошто швајцарските власти се согласиле на исклучок е дебито на Кристијано Роналдо на овој натпревар.
Јасно е дека интересот на гледачите за Берн ќе биде голем, а враќањето на големиот Португалец и првиот реванш натпревар сигурно ќе бидат во центарот на вниманието.