Репрезентациите на Македонија и Романија одигра без голови во Скопје во рамки на квалификациите за СП во Катар 2022.

По натпреварот Мирел Радио зборуваше за медиумите и истакна дека е задоволен од резултатот и играта на неговата репрезентација.

„Задоволен сум од играта. Тимот беше доволно разигран на целиот терен. Имавме две цели за овој дуел, едната од нив беше победата, а втората да задржуваме 0-0 до 70 минута, а потоа со посилен напад да се обидеме да го загозиме голот на Македонија. Сепак, можам да кажам дека се се одвиваше добро. Имаше многу случаи кога можеше повеќе да се постигне, но тоа е тоа, сега мораме да ги анализираме резултатите. Имајќи во предвид двегодишниот период со кој се конфротираме со ковидот, проблемот е во тоа што ние секако мораме да имаме и алтернативно решение при евентуални проблеми. Секако, во овој период се соочуваме со многубројни проблеми во однос на болеста. Не успеавме да ја исфрлиме Македонија од борбата за второто место. Тоа, сепак, останува приоритет во нашата работа и за него ќе се води борба до крај. Ни следи и меч со Германија која ни е најтежок противник“, изјави Радои.