Ковид пандемијата и натаму задава свои протоколи кога станува збор за спортските натпревари. Вечерва карта повеќе се бараше за натпреварот Македонија – Романија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Според последните информации, на арената има над 6.000 гледачи кои обезбедија билет за во живо да ја гледаат Македонија на патот од квалификациите за Светското првенство во фудбал 2022 година.
Влез на стадионот е овозможен само за вакцинирани лица. Негативен тест на ковид-19 не е доволен за следење на спортски настани, според последната одлука на македонската Влада.