По ГН на Холандија во Формула 1, беа забележани неколку трансфери меѓу возачите.

Се започна од Кими Раиконен со одлука да се збогува на крајот на сезоната, по што беше потврдено дека ќе биде заменет во Алфа Ромео од Валтери Ботас.

Мерцедес во вторникот потврди дека совозачи во новата сезона ќе бидат Џорџ Расел и Луис Хамилтон, па Вилијамс мораше да бара нов возач.

Вилијамс денеска објави дека возачки состав за следната сезона ќе бидат Алекс Албон кој се враќа во Формула 1 и Николас Латифи.

Во текот на 2019 и 2020 година, Албон собра 38 настапи во трките во Формула 1 за Торо Росо и Астон Мартин и постигна две трети места. Во 2019 година, заврши на осмото место во генералниот пласман на СП, а во 2020 година на седмо. Оваа година тој е тест возач во Ред Бул.

Патем, во вторникот беше потврдено дека Јуки Цуона и Пјер Гасли ќе бидат соиграчи во тимот на Алфа Таури.