Тренерот на Барселона, Роналд Куман, зборуваше за преселбата на Антоан Гризман во Атлетико, на последниот ден од летниот преоден рок.

„Она што се случи со преселбата на Гризман во Атлетико последниот ден од преодниот рок беше страшно. Немавме многу време да најдеме решенија. Да, тој има добар договор и неговото заминување помогна да се подобри финансиската состојба на Барселона. Затоа се согласив на неговиот трансфер“, го цитира Куман „Sport.es“.

Интересно е тоа што, ако Гризман одигра 50 отсто од натпреварите, тогаш клубот од Мадрид автоматски ќе мора да го откупи играчот.

Во летото 2019 година, Барселона му плати на Атлетико 120 милиони евра за Гризман. За Каталонците настапи вкупно 102 натпревари, постигнувајќи 35 гола.