Неверојатниот Ерлинг Халанд вчера постигна хет-трик во победата на норвешкиот тим над Гибралтар со резултат 5:1.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд на тој начин стигна до 12 -от гол во дресот на репрезентацијата на 15 одиграни натпревари.
Сепак, оваа статистика не го задоволува 21-годишниот напаѓач кој сака да има повеќе голови отколку одиграни натпревари.
Во изјава за ТВ 2 по натпреварот против Гибралтар, „Терминатор“ рече:
“Не постигнувам доволно голови, но сум блиску до просекот на голови по натпревар. Мислам дека треба да постигнувам повеќе голови отколку што имам на натпреварите”.
Најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Норвешка е Јорген Јуве кој постигна 33 голови.
Многу скоро, Халанд најверојатно ќе го надмине овој рекорд, кој беше поставен во периодот од 1928 до 1937 година, кога Јуве го носеше дресот на норвешката репрезентација.