Вечерва од 20.45 фудбалската репрезентација на Македонија на домашен терен на арената „Тодор Проески“ ја пречекува репрезентацијата на Романија во рамките на Квалификациите за Светско првенство (СП) 2022 година.

Денеска славиме 30 години независност, а вечерва се надеваме и на прва победа откако палката ја презеде селекторот Благоја Милевски.

По двата нерешени дуели со Ерменија и со Исланд, и тој очекува прва победа откако го замени Игор Ангеловски на клупата на македонската репрезентација.

Романците кои имаат многу проблеми дуелот се пред нас на табелата во Ј групата со 9 бода, еден повеќе од Македонија, а на првите две места се Германија со 12 бода и Ерменија со 10.