Анатолиј Петејчук (19) е последното засилување за ФК Победа во овој летниот преоден рок.
18-годишникот кој ги мина сите младински категории на Вардар, имаше настапи и за првиот тим, ќе биде последно засилување за амбициозната победа.
Секако дека ова ќе биде значајно засилување за Победа која оваа сезона низ настапите во ВМФЛ -ИСТОК ќе се обиде да дојде до пласман во елитата.
Петејчук настапува на десната бековска позиција, а може да одговори и на потребите како последен играч за врска. Фудбалерот од Прилеп има настапи и за репрезентациите на Македонија У17, У19 и У21.