Србија иако важеше за фаворит освои само еден бод во Даблин кај Република Ирска. Се одлепи од врвот на групата А со денешното реми на тешкото гостување во Ирска (1-1).
Домашен триумф запиша Хрватска на дуелот со Словенија (3-0). Марко Ливаја го отвори резултатот и ја круниса подобрата игра на „коцкестите“ во првиот дел. За да нема никакви дилеми се погрижија Марио Пашалиќ и Никола Влашиќ.
На останатите два меча во групата Х бодовите завршија кај Русија против Малта (2-0), односно кај Словачка на дуелот со Кипар (2-0).